Долги колони на граничниот премин Блаце – Имери-Стефаи: Контролите се зголемени поради акциите на МВР во Царина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последно време на граничниот премин Блаце постојано се создаваат долги колони. Не само во текот на викендот туку и за работни дена при што граѓаните губаат време чекајќи во колони за да ја поминаат границата. Пратеничката на ВРЕДИ Саранда Имери Стафаи рече дека тоа се случува поради полициските акции на царина и додаде дека граѓаните треба да бидат трпеливи бидејќи тоа ќе се среди.

„Пред неколку дена имавме голема полициска акција на МВР, каде беше приведена голема група царинарници и полицајци. Тоа се случи во Источна Македонија, значи во Гевгелија и Струмица. Сигурно тоа придонесе да се зголемат контролите и властите на граница да бидат повнимателни и се ќе се одвива според протоколот и се ќе биде според стандардите“, вели Саранда Имери.

Не само во Блаце, гужва се создава и на патот Хасан Приштина поради тоа што инфраструктурните работи се одолговлекуваат веќе долго време. Тоа се случува поради несогласувањата на централната власт со градоначалничката на Град Скопје.

„Несогласувањата меѓу град Скопје и централната власт, конкретно меѓу госпоѓа Арсовска и господинот Мицкоски, мора да имаат некаков епилог поради тоа што тоа оди на штета на граѓаните. Тоа го видовме и кај апликациите за кои Владата додели средства за подобрување на стандардот на граѓаните од аспект на инфраструктурата. Сметам дека станува збор за проблематика која мора да се реши со дијалог, поради тоа што нивните односи се затегнати“, вели Саранда Имери.

Додека политиката продолжува со меѓусебен инает, граѓаните продолжуваат да страдат губејќи време во долгите колони на сообраќај.