Запрашан за долгите редици пред бензинските пумпи, синоќа во емисијата Клик плус, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека хаосот настанал како резултат на шпекулации.
„Не е во рамките на моите надлежности, но од моето присуство во Влада знам дека овие редици настанале од шпекулации, затоа што има доволно резерви.
-Но вие не возите сами“, вели Османи.
Османи исто така рече дека купувањето на нафта од Русија претставува финансирање на руската армија.
„Дали свесно или несвесно ги финансираме кога купуваме бензин од Лук Оил?
-Сметам дека Руската федерација главно се финансира преку изворите на енергија. Поголемиот дел од приходите на Руската федерација се од газот, нафтата, енергетските извори и од тоа се финансира руската армија, нема дилеми во тоа“, вели Османи.
За ваквата изјава на министерот Османи реагираше Аријанит Хоџа од Движење Беса. Тој на својот Фејсбук профил го објави договорот на МНР за набавка на гориво од руската компанија Лук Оил.
„Министерството предводено од Бујар Османи има договор за набавка на гориво со руската компанија „Лук Оил“, затоа го прашувам дали стои зад тоа што го изјави дека со купувањето на гориво од руската компанија се помага руската војна во Украина, а според договорот кој го потпишал дали значи дека МНР и помага на Русија!?“, вели Хоџа.
Во врска со овој договор, од МНР велат дека договорот е со истечен рок.
„МНР нема актуелен договор за набавка на горива со Лук Оли, туку со една домашна компанија за трговија на нафтени деривати. Сликите кои се објавуваат во јавноста се однесуваат на стар договор со истечен рок“, велат од МНР.
Министерот Османи рече дека размислува за преориентација на изворите на енергија. На прашање на ТВ21 дали се планира набавка на нафта и нафтени деривати од други земји, од не добивме одговор Владата на Република Северна Македонија.