Долго очекуваниот булевар во Тетово – 500 илјади евра за отуѓување на имотот на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Владата одвои 29.5 милиони денари за булеварот Благоја Тоска во Тетово. Според претседател на општинскиот совет, Беким Мемети, овие пари ќе се употребат за отуѓување на 16 имоти на кои ќе се простира овој булевар.

„Давачките не се реализирани кај сите жители бидејќи се знае во каква финансиска состојба беше општината до сега, неповолна, затоа и со оваа помош ние ги расчистуваме давачките за жителите кои живеат таму. Со овие средства ќе биде помогнато и отворањето на булеварот.“, вели Мемети.

Советникот во општина Тетово од АА, Ариф Селмани изрази зачуденост зошто Владата ги оставила овие финансии сега на крајот од мандатот на градоначалничката.

„За жалење е што во Општина Тетово важните капитални проекти се реализираат со пари од Владата, како што е случајот со чистење на депонијата, со расчистување на долгот на општина Тетово во 2018 со 51%. Сега отворањето на булеварот со околу 500 илјади евра што ги издвои владата за отворање на булеварот Благоја Тоска кој е еден од главните точки на градот, беше ветен во првиот мандат, не беше реализиран, беше ветен во вториот мандат, не се реализираше и сега, на крајот, излегува повторно со пари од владата да се реализира.“, рече Селмани.

Општина Тетово во 2018 урна еден објект на дел од булеварот, но од тогаш до сега не е преземено ништо. Инаку до сега 16 сопственици добија мал дел од сумата за која се договориле.