„Домаќинка прва лига“ рече Пендаровски за првата дама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како Стево Пендаровски се снаоѓа во домашните обврски, во кујната? За ова Пендаровски зборува во опуштениот разговор за ТВ21 заедно со сопругата Елизабета Георгиевска.

„Помага дома, навистина помага. Освен за готвење, за друго се помага“, вели Георгиевска за Пендаровски.

Пендаровски одговори:

„Знам нешто и за готвење… Знам кафе да сварам, супа да сварам, јајца да спржам, имам широка лепеза на активности, но под услов да бидам мониториран од некој друг 24 часа во денот, сам не“, вели Пендаровски.

Георгиевска вели дека во минатото повеќе имала време за готвење, а сега обврските помалку дозволуваат.

„Порано повеќе готвев, но во последно време немам многу време. Тешко се стигнува со сите обврски. Минатата година можевме да направиме неколку патувања, не останува многу време“, изјави Георгиевска.

„Ако прашуваш зошто сум ја земал за сопруга – домаќинка прва лига. Покрај тоа што е вредна, доктор на науки, е одлична домаќинка“, рече претседателот.