Доналд Трамп номиниран за Нобеловата награда за мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конгресменот Дарел Иса објави дека го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир.

„Никој не го заслужува тоа повеќе“, додаде тој.

Портпаролот на конгресменот прецизираше дека номинацијата се должи на мировните напори на Доналд Трамп на Блискиот Исток.

„Конгресменот Иса неодамна предводеше делегација на Конгресот во четири земји од Блискиот Исток. Тој од прва рака виде дека духот на мирот и оддалечувањето од конфликтот е реален и повеќеслоен“, рече Џонатан Вилкокс, директор за комуникации за персоналот на Дарел Иса, во изјава за The Hill.

Доналд Трамп повеќе пати во минатото беше номиниран за Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја доби посакуваната награда.