ДОНЕЛ ЕКСПЛОЗИВ ВО ПАРИСКИ ХОТЕЛ: Осомничен за учество во терористички заговор, ВЕДНАШ УАПСЕН!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската полиција денес соопшти дека уапсила 26-годишен маж од украинско-руска националност, кој поседувал експлозив во хотел на северот на Париз.

Неименуван извор од француската антитерористичка единица (ПНАТ) потврдил дека оваа служба го презела случајот и отворила истрага поради сомневање дека уапсениот учествувал во терористички заговор, пренесува Ројтерс.

Истиот извор изјави и дека во истрагата се вклучила и француската агенција за внатрешно разузнавање ДРМ.

Телевизијата БФМ, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, објави дека уапсениот се обидувал да направи експлозивна направа.