Дополнителни дози за Европа – Фон дер Лајен: АстраЗенека ќе испорача уште 9 милиони вакцини во првиот квартал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денес најави дека компанијата АстраЗенека ќе достави девет милиони дополнителни дози на вакцини против коронавирус во првиот квартал, со што ќе бидат испорачани вкупно 40 милиони дози.

Таа на Твитер напиша дека АстраЗенека ќе започне да доставува вакцини една недела порано од планираното, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лајен додаде дека компанијата ќе ги прошири своите производствени капацитети во Европа.