Дозволени свадби во затворен простор со максимум 250 гости

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на денешната седница дозволи организирање на свадби на затворен простор, но со одредени протоколи и мерки, дознава ТВ21.

Така свадбите на затворено може да имаат максимум 250 гости, и објектот да не биде исполнет повеќе од 40% од капацитетот.

Ова е дополнително олабавување на мерките откако бројките на нови случаи со коронавирус во последниот период во земјава драстично паднаа.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.