ДПИ и полицијата прекинале забава во затворен дел од угостителски објект во Дебар – кривична пријава против едно лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар, со одговорно лице Е.С.(21) и К.Р.(24) од Дебар, вработен во општина Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи на време на епидемија“.

На 15.05.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од Полициската станица Дебар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат била извршена контрола во угостителски објект во кој била организирана забава со присуство на поголем број на гости во затворениот дел на објектот, со што постапиле спротивно на одлуката на Владата за спречување на ширење на пандемијата со коронавирусот.