Драма во Хрватска: Авион принудно слета на нива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вуковарско-сремската полиција утрово околу 9:35 часот добила пријава дека мал авион извршил итно слетување на нива во близина на Иванково.

Итните служби беа брзо испратени, а леталото и лицето кое го управувало леталото беа пронајдени на местото на настанот. Лицето беше пренесено во Општата окружна болница во Винковци.

Итните служби и пожарникарите се на местото на настанот и му помагаат на повреденото лице, објави порталот Vinkulja.hr.

На местото на настанот се врши увид за да се утврдат сите околности.