Драма во САД: Ловци Ф-16 пресретнале летало над резиденцијата на Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американски борбени авиони Ф-16, пресретнале цивилен авион над резиденцијата на претседателот Доналд Трамп на Флорида, кој ја прекршил привремената забрана за летови над Палм Бич.

Како што пренесоа медиумите во САД, тие користиле топлотни мамци во акцијата. Авионот бил безбедно испратен надвор од ограничениот воздушен простор.

Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) пресретнала уште едно цивилно летало во забранетиот воздушен простор над Мар-а-Лаго. Откако Трамп положи заклетва, биле регистрирани повеќе од 20 повреди на воздушниот простор над неговата резиденција.

ФОТО: Архива