Економијата на САД влегува во турбулентен период, а економистите предвидуваат можна рецесија и влошување на трговските односи со клучните трговски партнери Канада и Мексико.
Негативните прогнози доаѓаат по отлуката на Доналд Трамп да воведе нови царини, што дополнително ја подгреа загриженоста кај економистите, политичарите и бизнис секторот.
Еден од клучните показатели за економската економија е растот на БДП. Проценката за растот на БДП за првиот квартал од 2025 година е значително намалена, на -2,8%, што укажува ан можен пад на економската активност и потенцијална рецесија. Оваа проценка е констраст со проценките кои предвидуваа раст од 3,9% пред само четири недели.
Царините неодамна наметнати од претседателот Трамп станаа клучен фактор на неизвесност. Од денеска стапија на сила тарифите од 25 отсто за производите од Канада и Мексико и 10 отсто за увозот од Кина.
Во официјалното соопштение на Белата куќа, Трамп тврди дека овие мерки служат како одговор на илегалната имиграција и трговијата со наркотици.
