Супергрупата Drink The Sea, составена од музичари познати по својата работа во некои од највлијателните рок бендови во изминатите децении, го најави својот трет студиски албум и голема турнеја низ САД, Велика Британија и Европа.
Групата ја сочинуваат поранешниот гитарист на R.E.M., Peter Buck, тапанарот на Screaming Trees, Barrett Martin, како и Alain Johannes, познат по својата работа со Eleven и Queens of the Stone Age. Во составот се и британскиот музичар Duke Garwood и пејачката Lisette Garcia.
Новиот албум, насловен Drink The Sea III, ќе биде објавен на 2 октомври преку издавачката куќа на Мартин, Sunyata Records, во соработка со Sony Orchard Digital Music.
Првиот сингл од албумот ќе биде претставен на 31 јули.
Албумот е продуциран од Барет Мартин и Ален Јоханес, а сниман е за време на патувањата на бендот меѓу октомври 2025 и април 2026 година. Материјалот е создаван во студија во Olympia, како и во Chile и Brazil, што според бендот придонело за разновиден и интернационален звук.
Покрај новиот албум, Drink The Sea најавија и обемна меѓународна турнеја. Концертната серија започнува на 30 август во Vashon Island, по што следуваат настапи низ САД.
Британскиот дел од турнејата стартува на 30 септември во Cardiff, а ќе опфати и концерти во Manchester, London и Brighton.
По настапите на Островот, бендот ќе продолжи со европска турнеја која ќе заврши на 23 октомври во Ravenna.
Со нов албум и повеќенеделна турнеја, Drink The Sea се подготвуваат за една од своите најактивни години досега, потврдувајќи го статусот на супергрупа што обединува искуство и музичко наследство од неколку генерации на алтернативната и рок сцената.
