Дронови забележани над Данска втора ноќ по ред

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данското Министерство за одбрана денес објави дека повторно, втора ноќ по ред, дронови биле забележани на неколку локации над Данска, и дека по тоа биле распоредени „неколку капацитети“.

Како што објави АП, не беше прецизирано колку дронови биле видени, каде биле видени или за какви распоредени капацитети зборуваме.

Ова е најновото во низата активности со дронови оваа недела, вклучувајќи дронови забележани над пет дански аеродроми.