„Најголем проблем ми е кога ќе ме навредат луѓето дека нешто неможам. Тоа е проблем, значи тоа треба да се внимава на кој начин се зборува во општеството со вакви деца како мене. Бидејќи ние не пости нешто што не можеме“.
„Не идев во парк со другите деца, не затоа што не сакав, туку затоа што не ме прифатија. Не бев повикан на родендени и секој пат кога ќе видев фотографии од насмеани лица се прашував дали навистина сум толку различен за да не бидам дел од нивниот свет. Знаете ли како боли кога си дете, а се чувствуваш невидлив“
Ова се пораките на децата со атипичен развој до сите. Ја испратија од Градскит парк во Скопје од седмиот по ред инклузивен настан „Другарството е богатство“ организиран од Здружението „Аутизам ААМК“. Децата порачаа дека не треба само денес да се говори за инклузијата, бидејќи инклузијата е потреба. Побараа да се слушне нивниот глас од општеството. 20 годишната Дени имаше и порака до надлежните:
„Јас се соочувам со проблем да се запишам, не е проблем потреба да се запишам на факултет. Но тука проблемот е што државата ми нема обезбедено асистент. Апелирам да се обезбеди тоа, за да може и овие деца еден ден да станат тоа што сакаат бидејќи мојот сон е да станам професорка по македонски јазик и да го промовирам јазикот.“
Според организаторите на настанот, има уште многу проблеми и треба уште многу работа.
„Се уште има за жал, има дискриминација, се уште има отфрлање, покажување со прст, бегање од друга страна на улицата. Меѓутоа еве, вакви настани, од овој тип, меѓутоа се надевам дека ќе има многу повеќе вакви, едноставно дружби, каде што ќе се покаже дека лицата со атипичен развој и лицата со типичен едноставно треба да бидат заедно“, вели Денис Јанкуловски.
Порачаа државата да го слушне гласот на родителите бидејќи тие најдобро знаат што навистина им е потребно нив и на нивните деца.
