Вака изгледа влезот во Другово, село оддалечено само два километри од градот Кичево.
Во ова село улиците не се асфалтирани, а освен тоа канализацијата тече по улиците, нешто што претставува голем проблем за жителите особено во текот на летната сезона.
Лоша миризба, а децата несвесни за опасноста си играат со канализација која тече скоро на секоја улица.
Жителите велат дека вака е веќе 30 години.
Проблеми со канализацијата имаат и други села. Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари рече дека имаат голем проект за канализацијата на селата, но има застој во Влада.
Што се однесува до село Другово, тој рече дека општината секоја година доделува средства, но жителите треба да ги решаваат проблемите со приватните имоти каде треба да помине канализацијата.
„Секоја година општината одвојува свои средства, како што реков, тоа е опфатено и во општиот проект за обновување на канализацијата, но особено за селото Другово издвоив средства и им кажав, разговарав со сите заинтересирани и надвор од локалната заедница со граѓани на Другово само да постои нивна волја, да ни овозможат да го спроведеме проектот бидејќи тој се однесува и на приватен имот. Градоначалникот не може ги убеди жителите дека треба да помине по тоа поле или по другото, со цел да ги убедам дека ќе го реализираме проектот “, вели Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево.
Што се однесува до неасфалтираните патишта, Дехари рече дека градежните работи ќе почнат во септември и во јуни следната година, улиците и патиштата на Другово ќе бидат завршени.