Другово без канализација, пат и јавно осветлување – жителите со порака до политичарите: Не доаѓајте да барате гласови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без канализација, неасфалтирани улици и без јавно осветлување – во ваква состојба е населба Другово – Кичево. На влезот на населбата има лоша миризба поради тоа што канализацијата тече по патот, а улиците се неасфалтирани. Има над 50 куќи од кои 30 се населени.

Екипата на ТВ21 ја пречекаа околу 20 жители. Бараат изградба на канализација, асфалтирање на патот и јавно осветлување.

Велат дека се изморени од многубројните барања претходно упатени во тогашната општина Другово, а сега во општина Кичево, но немало никакви резултати.

Жителите се одлучни доколку не бидат исполнети нивните барања, не сакаат да ги посети ниту една политичка партија за изборите, бидејќи како што велат нема да бидат добро пречекани. Тие обвинуваат дека пред секој изборен циклус, добиле ветувања кои останале само на хартија.

ТВ21 побара одговор од општина Кичево во врска, но од таму ни рекоа дека откако ќе бидат решени сите правно-имотни проблеми, ќе се изгради патот. Од општината додаваат дека ова е еден од приоритетните кои се предвидени за реализација до крајот на мандатот на градоначалникот Дехари.