Пред последните два натпревари на Светското првенство во фудбал во Катар, дрвени традиционални чамци утринава пловеа низ Персискиот Залив.
На чамците беа знамињата на преостанатите учесници на шампионатот на ФИФА.
Мароканското и хрватското знаме пловеа во различни чамци еден до друг. Репрезентацијата на Хрватска денеска од 16 часот игра против селекцијата на Мароко.
На другите два брода беа знамињата на Франција и Аргентина, чии репрезентации утре ќе играат во финалето на шампионатот.
