Синоќа паднало дрво во скопската населба Дебар Маало, во близина на влезот на Основното училиште „Коле Неделковски“. Притоа оштетено е едно возило, а било полесно повредено било и дете.
Случајот го потврдил и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
„Дрвото паднало само од себе. Со зелени гранки било, но исушени корени, без корени. Паднало и оштетило едно возило. Дојде полиција и направи записник. Ќе треба да се плати штета за автомобилот. Детенцето било малку изгребано, тоа било во близина на автомобилот“,вели Богдановиќ за „360 степени“.
