Со есенската сезона започнува и проблемот со дивата сеча на дрвја од планините. Во Кичево, во Крушина и селото Кнежина се почести е бесправното сечење на дрвја, а жителите од тој крај секојдневно се жалат на полицијата.
Но кога полицијата излегува на терен, честопати се случува да има проблеми и напади врз полицајци.
Истиот случај се случил 13.09.2020 на шумскиот пат во село Кнежина, кичевско, каде Д.В. (38) од Кичево, со физички напад се обидел да спречи полициски службеници да преземат службени дејствија против возач на возило што превезувало 15 метри кубно огревно дрво без соодветна документација.
СВР Кичево вчера поднесе кривична пријава против лицето Д.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Спречување службено лице при вршење на службени должности“ го известиле Министерството за внатрешни работи.