Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје.
Клучни утврдени состојби:
-Отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите
-Пописот не e спроведен согласно законската регулатива;
-Ненавремено евидентирање на обврски
-Невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите
-Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење и
-Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени.
На следниот линк можете да го погледнете целиот извештај на ДЗР.