Дуел на две непоразени репрезентации: Квалификации за СП, Македонија гостува на Белгија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во петок во 20:45 минути токму тука на овој прекрасен стадион Планет Арена во Гент, Македонија го има најсериозниот и најсилниот испит во овие квалификации за СП. Играат против домаќинот Белгија. Ова ќе биде на некој начин дерби во оваа група бидејќи играат двете непоразени репрезентации. Македонија е прва во групата со 11 бодови, без пораз, а еден бод помалку има Белгија исто така без пораз, но имаат и натпревар помалку. Се разбира во нашиот табор се свесни за сериозноста на противникот, очекуваат тежок натпревар, фаворит е Белгија, но нашите репрезентативци и селекторот се надеваат и оечкуваат позитивен резултат. Во продолжение да проследиме дел од нивните очекувзња.

-Мислам дека овој натпревар како се движи крајот на овој циклус, нели секогаш е поголем и поголем притисокот. Така што мислам дека како за нив така и за нас овој натпревар ќе биде една од поважните што потоа може да одлучи што и како ќе биде во наредните натпревари, изјави Александар Трајковски, репрезентативец.

Последниот дуел помеѓу овие две селекции во овие квалификации за СП, одигран во Скопје заврши 1:1. Токму тој резултат дава надеж за позитивен исход во петок овде во Гент. Се разбира македонската фудбалска репрезентација според најавите ќе има поголема поддршка од македонски иселеници овде во Белгија. Најавите се дека околу 1000 од нив ќе бида присутни на оваа Планет Арена. Како репрезентативите така и ние се надеваме на продолжување на успешните резултати на фудбалските репрезентација и секако позитивен исход од овој натпревар.

Од Гент, Белгија, за ТВ21 Един Растодер.