ДУИ во декември ќе го одржи партискиот конгрес, а организацискиот секретар Блерим Беџети најави коренити реформи. Тој во емисијата „Ајде да зборуваме“ изјави дека во партијата постои колективна оценка за длабоки реформи.
Беџети: „Нè спречува никој да дадеме свој придонес, без разлика дали сме или не сме во органите, јасен сум. Секако, не зборуваме за исклучувања, туку за реформи кои сами ги најавивте — вие прашавте, а јас реков дека сте ги најавиле и дека ќе ги спроведеме.

ТВ21: Но ме интересира, дали ќе има коренити реформи?
Беџети: Да, коренити.“
ТВ21: „Рековте дека ќе има коренити реформи, со што е можно да се промени и генералниот секретар Фатон Амети, но и четирите потпретседатели.“
Бџети: „Сите ми се другари и пријатели, но оценката ќе биде колективна и заедничка. Постои колективна и заедничка оценка за подлабока и коренита реформа, и убеден сум дека тоа ќе се случи.
ТВ21: Гледам на списокот на членови на раководството — долг е, но има многу имиња што се таму долго време: Џеват Адеми, Теута Арифи, Талат Џафери, Билен Саљи — дали е можно да се променат и членовите на раководството?
Беџети: Сигурно дека ќе има промени и во раководството. Ако се зборува за промени кај потпретседателите и секретарот, ќе има промени и кај членовите на Централниот совет, како највисок орган меѓу два конгреси.“
По последната седница на Централното претседателство на ДУИ, одржана во Тетово, партијата информираше дека започнува внатрепартиски избори, бидејќи роковите биле пробиени поради ангажманите околу локалните избори. Конгресот на ДУИ се очекува да се одржи до 23 декември.
