ДУИ победи во Струга и Кичево – Мерко и Дехари добија нов мандат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вториот круг од локалните избори ја запечати победата на Фатмир Дехари како градоначалник на Кичево и Рамиз Мерко како градоначалник на општина Струга. Дехари собра 12.935 гласа односно 2017 гласа повеќе од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Утре почнувам со новата должност како градоначалник на општина Кичево. Господ да ве благослови  вас и вашите семејства и во  ваше име и сите мои пријатели овде и од дијаспората ќе ми дозволите да се заблагодарам на   нашиот претседател“, истакна Фатмир Дехари.

Јовановски му честиташе на Дехари и рече дека  треба да ја врати досегашната пракса.

Потсетуваме дека во Кичево дојдоа околу 2500 печалбари за да гласаат.

Во Струга победи Рамиз Мерко од ДУИ со 13.764 гласа  против кандидатот на АА-ААА, Идри Истрефи кој освои 11. 711 гласа.

„Да создадеме подобри услови за  економски развој, развој на туризмот, производството со тие обврски што ги имаме како општина, уредување на инфраструктурата, да има вода за пиење што повеќе, да има секундарна канализација, улично осветлување итн..“, посочи Рамиз Мерко.

Истрефи  откако ги изгуби изборите, на Фејсбук напиша: “Не успеавме! Против власта се боревме со цела енергија што ја имавме, но како што изгледа не  е доволно за да се освои Струга. Животот продолжува“.