Прашање на недели е кога кај изводите од матичната книга на родените ќе се вметне и етничка припадност. Оваа пред еден месец го најави министерот за правда, Кренар Лога за промените во форматот на уверенијата.
„Иако во онлајн формуларите не стои графа за етничка припадност, ние дојдовме во Една точка за услуги за да видиме дали постои ваква можност при вадење на извод со етничка припадност овде кај нас.“, рече репортерката на ТВ21, Сара Кајоли.
Кај изводот на родени да ми стои и етничката припадност.
Не, нема таква можност.
Значи се уште не постои? Нема таква можност.
Не, нема такви изводи. Двојазични да, но со етничка припадност не
Емир Сулејмани, директорот на Управата за водење на матичните книги вели дека се работи во насока на подготовка на новата регулатива според која етничката припадност ќе биде вметната во изводите од матичната книга на родените, умрен лист и венчаниците.
„Во соработка со Министерството за права, во тек е подготовката на новата регулатива со која во блиска иднина кај изводот на родените, умрен лист и венчаниците ќе има и графа каде ќе биде напишано и етничката припадност, значи сето тоа е во согласност со актуелните закони.“, рече Сулејмани.
ТВ21 побара став од Министерството за правда за да видиме до каде е овој процес и кога точно на граѓаните ќе им се обезбеди новиот формат на изводи, но оттаму не добивме одговор.
Според министерот Лога вметнувањето на етничката припадност е неопходно бидејќи според него тоа ќе биде мерка за спречување на злоупотреба на етничката припадност во текот на вработувањата.
Инаку, со ист предлог и истите образложенија пред неколку години излезе и ДУИ.
„Тоа е нашата оценка и сметам дека е во прашање кратко време кога ќе влезе во употреба и новата регулатива и новиот формат на изводите каде ќе се прикаже и етничката припадност на лицето.“, изјави Груби.