Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, рече дека е задоволен од одбраната на Јовановски.
„Тој ја кажа вистината во својата одбрана. Вие немате доказ во овој предмет. Кој што сака може да каже, но докази нема“, рече Дуковски кој изрази чудење како тоа не била вештачена снимката која се појавила низ медиумите со торбата.
„Нема вештачење на снимка, нема вештачење на мобилниот телефон. На што се заснова ова обвинение? На некој исказ од некој обвинет во друг случај кој што сака да се ослободи. Тој може да каже дека дал и 150 милиони евра, но нема докази“, рече Дуковски кој не се согласува од кажувањата на обвинителката Рускоска дека постои снимка каде што се гледа дека торбата со парите завршува кај родителите на Боки.
„Апсолутно нема никаква снимка. Нема никаква вистина во тоа.“, рече Дуковски.
