Дуковски: Поединци се плашат од пораките кои ги има Боки 13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13, Сашо Дуковски по денешното рочиште истакна дека поединци се плашат од пораките кои ги имал Боки 13 во неговиот телефон. Јовановски во Кривичниот суд рече дека дел од информациите кои ги имало во неговиот телефон, ги нема во дискот што го добил од МВР. Ова во судот го потврди и компјутерски експерт ангажиран од одбраната.

„Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на „Whatsapp“. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие? Како ние ќе ја утврдуваме фактичката состојба во овој конкретен предмет“, вели Дуковски.