Дупки на две клучки на Скопска обиколница – ЈПДП: Реконструкција ако останат пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секојдневно граѓаните треба да плаќаат патарина на автопат за да поминат низ овие дупки…

Овие две делници на обиколницата на автопатот Скопје-Куманово се уништени со години.

„На автопат сме, но автомобилите мора да успорат до скоро 30 км/ч бидејќи овој дел на автопатот Е-75 од Куманово до Скопје е речиси целосно уништен, но се поврзува со обиколницата, додека надлежните се уште не одлучиле кога ќе се реконструира. Иста е состојбата и кај другиот дел кој од обиколницата се поврзува со автопатот кон Куманово.“, вели Аднан Ќаили, репортерот на ТВ21.

Планирањето санација се одолговлекува од година во година. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ ни рекоа дека тој дел не може да се санира само со санација на ударните дупки, туку потребна е целосна реконструкција. Од друга страна од ЈП „Државни патишта“, ни рекоа дека тој сегмент во двете коловозни ленти е вклучен во овогодишната програма, но сè уште не се обезбедени средства за негова реализација. Не се знае дали ќе останат пари за проектирање и реализација од издвоените 45 милиони евра од сопствени приходи.

„Во програма од сопствени приходи за изградба и рехабилитација на патишта се предвидени 2.762.110.000 денари што е 24% од вкупниот инвестициски буџет. Патот за кој прашувате е во програмата за 2025 година, но само доколку се обезбедат средства оваа година се планира да се започне со проектот за Рехабилитација на автопатот Хиподром-Миладиновци (двете коловозни ленти)“, велат од ЈПДП.

Се уште не се знае кога ќе биде распишан тендер за градежно-надзорната компанија за тој сегмент од 1 километар.
И додека овој дел не се најде на приоритетната листа, ќе продолжи оштетувањето на возилата кои поминуваат по овие делници.