На многу места магистралниот пат Кичево-Охрид е оштетен.
Создадени се дупки, има дисбаланс на нивото на асфалтот како и други дефекти.
Во полоша состојба се трите моста на оваа магистрала. Дупките, иако се полнат со асфалт, повторно се отвораат.
Оваа дупка што ја гледате е на средината од магистралата, тесна но длабока, и низ неа поминува се.
-Додека се чека завршувањето на автопатот Кичево-Охрид, се чини дека никој не презема одговорност за постојниот и многу фреквентен автопат Кичево-Охрид. На овој дел, патот е целосно уништен, додека најопасни се трите моста кај селото Малкоец. Овие мостови, кои пукнале од двете страни, иако се реконструирани неколку пати со асфалт врз асфалт, повторно се отвораат и создаваат големи дупки кои се видливи сè до долу. Тие се особено опасни за тешки возила, пренесува репортерката на ТВ21, Салије Садику Пињоли.
За ваквата состојба побаравме став од ЈП Државни патишта, но ниту за овој случај ниту за патот Кичево-Охрид не ни дадоа одговор.
Се обидовме да добиеме телефонски одговор и од директорот на претпријатието, Коце Трајановски, но безуспешно.
Последниве години оваа магистрала е оштетена многу повеќе како последица на тешките возила кои минуваат за градежните работи на автопатот Кичево-Охрид.