Бесар Дурмиши, министерот за економија и труд вечерва беше соговорник во емисијата Бизнис21 на ТВ21.
Дебатиравме на различни теми, а една од нив беше и исселувањето на граѓаните. Дурмиши кажа дека Владата презема мерки за да се спречи оваа појава, и исто така има мерки за враќање на иселениците во Македонија.
„Иселувањето е почнато е многу порано. Имаме мерки за сите исселени лица кои сакаат да се вратат во нашата земја и да инвестираат. Ќе добијат финансиска поддршка, и тие што не можат да најдат работни места во странство, да дојдат тука и да инвестираат во бизнис. Во законот постои поддршка на инвестиции за сите луѓе што се надвор од земјата најмалку пет години и сакаат да се вратат. Преземаме мерки да вратиме што поголем број граѓани“, рече Дурмиши.
Целата изјава на оваа тема низ следното видео:
