Дурмиши: Секогаш сме за повисоки плати, но мора да има економска оправданост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, вечерва во Бизнис21 на ТВ21 рече дека темата со минимална плата стана дневно политичка арена, и дека евнтуално зголемувае треба да има економска оправданост.

„Жалам што една таква сериозна тема како минимална плата е дневно политичка арена. Ние имаме околу 30.000 лица кои земаат минимална плата, од 750.000 колку имаме на ниво на државата. Од тие 30 илјади луѓе, пола од нив се сите кои имаат отворено сами бизниси, односно компании трговец – поединец, и имаат и други приходи“, рече Дурмиши.

Тој додаде дека секогаш како влада се на став дека треба да се зголемат платите, но мора да се согледаат и други параметри.

„Искрено, никогаш не сме кажале дека зголемувањето е доволно. Секогаш сме на став дека треба да се зголемат платите, но да има економска основа. Треба да ја видиме и продуктивноста, и да не предизвикаме други проблеми. Ако одиме со ад хок решенија, и исполнување на популистичките барања на опозицијата, ако одиме до овој степен да реагираме вака без економска оправданост, ќе предизвикаме и инфлација, а тие компании кои имаат помал број вработени, ќе се соочаат со финансиски импликации каде ќе мора да преземат чекор да отпуштаат вработени“, изјави Дурмиши.