Два активни пожари во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 05.07.2026 година, до 13:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 1 пожар е под контрола, а 6 пожари се изгаснати.

Активни пожари (2):
Општина Старо Нагоричане – над ресторанот „Баба Цана“ (ниска вегетација, стрниште).
Општина Свети Николе – помеѓу с. Црнилиште и с. Сарамзалино, покрај патот Велес–Штип (ниска вегетација, сува трева и лозје).

Пожар под контрола (1):
Општина Македонски Брод – с. Белица (ниска вегетација, сува трева и лисна постилка).

Изгаснати пожари (6):
Општина Струмица – ул. „Климент Охридски“ бр. 105 (ниска вегетација и сува трева).
Општина Валандово – ул. „Каме Полизов“, позади ДИМ Комерц (ниска вегетација, сува трева и грмушки).
Општина Валандово – с. Честово (мешана шума).
Општина Пехчево – Чифлик, кон с. Умлена (ниска вегетација и сува трева).
Општина Прилеп – Новите градски гробишта (ниска вегетација и сува трева).
Општина Куманово – населба Банова Трла (горело ѓубре).