Два авиони се судрија на писта на аеродром во Њујорк, две лица полесно повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два авиона се судрија синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, при што две лица беа повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.

Инцидентот во кој беа вклучени два авиони на регионалната авиокомпанија „Делта“, „Ендевор Ер“, се случи во 21:58 часот по локално време.

Едниот авион слетуваше, а другиот се подготвуваше за полетување, соопшти раководството на аеродромот.

Едно лице е однесено во болница со повреди кои не се опасни по живот, се додава во соопштението. Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесни повреди.

Аеродромот, еден од најпрометните во САД, не беше затворен поради инцидентот.

Делта, матичната компанија на „Ендевор Ера“, соопшти дека ќе соработува со соодветни агенции за да утврди безбедносни мерки по она што го опиша како „судир при мала брзина“ за време на „таксирање“ на пистата.