Повеќе од 20 деца, од кои повеќето помлади од две години, се примени во болница во Њујорк со мистериозни симптоми. Лекарите досега изразиле чудење за симптомите, а се чини дека имаат поврзаност со коронавирусот.
Како што пишува „Њујорк Тајмс“, четири од децата се позитивни на Ковид-19. Слични случаи има и во Бостон и во Филаделфија.
Децата развиле и т.н. Кавасаки синдром кој се манифестира со воспаление на артериите од ретка, но сериозна бактериска инфекција.
Според комесарката за здравство на Њујорк, Оргиз Барбо, ако се открие рано, тогаш не остава последици, во спротивно ваквиот синдром може да остави трајни последици.
„Четири деца се позитивни на коронавирусот. Единаесет се негативни, но шестмина беа позитивни на антитела. Пет деца лекарите мораа да ги стават на респиратори, но сега сите се добро“, рече Барбо.
