Две лица, државјани на Македонија ги загубиле животите во тешка сообраќајка што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во соседна Србија. Според српските медиуми, автомобилот излетал од патот, при што задобиле повреди кои биле фатални за нивните животи.
Несреќата се случила кај клучката Умчари. Според неофицијалните информации, возилото „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од патот.
Од смачканиот автомобил биле извлечени телата на маж и жена – возачот и совозачот, за кои е потврдено дека се македонски државјани.
Во возилото имало и трет патник, кој се здобил со теѓки телесни повреди и бил пренесен во болница на укажување лекарска помош.
