Двајца планинари од Индија и Филипини загинаа на Монт Еверест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца планинари, еден од Индија и еден од Филипините, загинаа на Монт Еверест и тие се првите планинари кои загинаа на тој врв во текот на тековната сезона од март до мај, соопштија денеска официјалните лица.

Субрата Гош (45) од Индија загинал вчера под „Скалите на Хилари“ додека се враќал откако го достигнал врвот на планината висока 8.849 метри, објави Ројтерс.

Точната причина за неговата смрт ќе биде позната по обдукцијата, но други детали за инцидентот нема.