Двајца Шкотланѓани се убиени во пукотница во бар во јужна Шпанија, соопштија шпанските власти, а објави и Би-Би-Си во неделата.
Напаѓачот испукал неколку куршуми во барот „Монаганс“ во Фуенхирола, Андалузија, во саботата навечер.
Хавиер Салас од централната влада во покраината Малага потврди за Би-Би-Си њуз дека се верува дека двајцата мажи се Шкотланѓани.
Шпанските медиуми објавија дека полицајци од регионалната специјализирана криминалистичка единица (UDEV) започнале истрага. Исто така објавуваат дека инцидентот се случил околу 23:00 часот, кога пред Барот се појавил автомобил од кој излегол максиран маж кој отворил оган.
Монаганс се наоѓа на крајбрежјето и е популарен бар меѓу туристите.
