Двајца цивили загинаа во експлозија на бомба во Авганистан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двајца цивили загинаа, а тројца се ранети во експлозија на бомба во близина на џамија во шиитски кварт во авганистанскиот главен град, соопштија талибанските власти.

Кабулската полиција соопшти дека нападот се случил во западен Кабул, во областа Сар-е Карез и дека бројот на жртви може да се зголеми.

Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но веројатно е вмешана и екстремистичката група ИД, која во минатото го нападна шиитското малцинство во Авганистан.

ИД во провинцијата Хорасан ги засили нападите врз џамиите и малцинствата низ земјата откако талибанците ја презедоа власта во август минатата година.