На 09.11.2025 во 13:35 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ќ.И.(32) од с.Врапчиште, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 192 километри на ачас на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.
На 09.11.2025 во 12:13 часот на патот Тетово – Гостивар, во близина на наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.Џ.(31) од с.Равен , гостиварско, со живеалиште во Швајцарија. При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „шкода“ со брзина од 174 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час.
На 09.11.2025 околу 15:39 часот на магистрален пат Штип – Кочани, кај с.Крупиште, општина Карбинци, при преземање мерки во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Штип констатирале дека М.Н.(18) од Кочани управувал патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 110 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.
На 09.11.2025 во 15.45 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, при преземање мерки во сообраќајот со радар, полициски службеници од ОВР Прилеп констатирале дека Н.Ц.(40) од с.Кошино, општина Долнени, управувал патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час во населено место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
