Двајца вработени во израелската амбасада убиени во Вашингтон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон, убиени се во пукање во текот на настан во Музејот на еврејско наследство „Капитал“ во главниот град на САД синоќа, објавуваат медиумите.

Маж и жена биле застрелани од огнено оружје во подрачјето 3 и Ф улица на северозападниот дел од градот, во близина на музејот, канцеларијата на ФБИ и канцеларијата на американскиот обвинител.

Двајца вработени во израелската амбасада беа бесмислено убиени вечерва во близина на Еврејскиот музеј во Вашингтон“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем на социјалната мрежа „Икс“.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, рече дека тој и неговиот тим биле известени за пукањето.

Дени Данон, амбасадорот на Израел во Обединетите нации, го нарече пукањето „развратен чин на антисемитски тероризам“.

„Повредата на дипломатите и еврејската заедница ја премина црвената линија“, објави Данон на „Икс“.

„Уверени сме дека американските власти ќе преземат силни мерки против одговорните за ова кривично дело“, додаде тој.

Генералниот обвинител Пам Бонди и американската обвинителка за округот Колумбија, Џанин Пиро, беа на местото на пукањето. Одделот на метрополитенската полиција одби да коментира, велејќи дека наскоро ќе се одржи прес-конференција.

Полицијата наводно уапсила едно лице поврзано со ова пукање. Станува збор за 30-годишниот Елиас Родригез од Чикаго. Тој наводно го признал делото.