Во рускиот напад врз Киев со балистички ракети и беспилотни летала во текот на ноќта, две лица загинаа, а најмалку 13 се повредени, објави началникот на Воената администрација на градот, Тимур Ткаченко.
„За жал, имаме две потврдени смртни случаи. Овие луѓе беа убиени од Руси. Тоа е ужасна загуба“, напиша Ткаченко на Телеграм.
Во текот на ноќта, руските сили започнаа голем напад со беспилотни летала врз Украина, а една од главните цели беше градот Киев, пренесува „Суспилне“.
Фото: Архива
