Две години фискалните сметки не се само хартија со бројки, туку сметки кои на граѓаните им враќаат пари.
Враќањето пари назад кај граѓаните е реалност во нашата држава и на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки.
Директорката а Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека Мој ДДВ ги враќа парите назад кај граѓаните и дека зголемувањето на бројот на корисницни на апликацијата само покажува дека ова е еден од најдобрите и најуспешните проекти на владата.
„Апликацијата мој ДДВ денеска е достапна на сите смарт мобилни телефони, 10 киоск апарати и 36 бар код читачи во даночните канцеларии на УЈП. Како носител на концептот парите назад кај граѓаните „Мој ДДВ“ постојано се надградува и адаптира согласно потрбит. Трендот на раст на корисници за нас е доказ дека како институција сме направиле добра работа и дека Мој ДДВ е една од омилените апликации на телефоните на скоро 400.000 граѓани“, истакна Сања Лукаревска.
