Две години од трагедијата кај Ласкарци – причините сè уште неутврдени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред две години на денешен ден, автобусот кој се обраќаше на редовна патничка линија, попладнето тргнал кон Гостивар. Од сè уште неутврдени причини, автобусот со 51 патник излета од коловозот и се преврте на стариот пат. Жителите на скопско Ласкарци беа првите кои помогнаа во спасувањето на повредените. За нивната пожртвуваност, гостиварската локална самоуправа, додели благодарници.

Две години по несреќата се води судски процес во кој се обвинети шест лица и сè уште трае утврдување на одговорноста и околностите кои доведоа до трагедијата.

На овој ден во 2019 година животот го загубија шеснаесет жители на Гостивар и околните места: Бејза Узеири, Валдете Хамити, Бесим Фетаи, Дејан Ристоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо Раметула Абдураими, Трпана Јаневска, Јовица Трпевски, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Онур Садику Павле Костоски, и Ерза Османи, а со повреди се здобија уште 35 лица.