„Две илјади кинески вакцини од „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија, до вечер ќе пристигнат во земјава“, вели Филипче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа донација, посочува министерот, е од Обединетите Арапски Емирати.

-Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезбеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста, напиша Филипче.