Две лица приведени по пукањето кај кружниот тек во Ѓорче Петров при што беше повреден полицаец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Две лица се приведени по пукањето кај кружниот тек во Ѓорче Петров при што беше повреден полицаец, информираат од Министерството за внатрешни работи за ТВ21.

Имено, попладнево кај кружниот тек во населбата Ѓорче Петров во близина на црквата Свети Петар и Павле од лице кое се наоѓале во возило марка Голф било пукано кон возило марка „Мерцедес“ во кое се наоѓал полициски службеник.

Според првичните информации од МВР за ТВ21 велат дека полицаецот се здобил со повреди во нога по што бил префрлен во Градската општа болница „8-ми септември“ за укажување на лекарска помош.