Две лица се обиделе да ја запалат синагогата во Скопје – Амбасадата на Израел: Прв напад врз евреите во Македонија од 1945-та

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица на мотоцикл застанале пред синагогата во Скопје во 5 часот наутро во неделата. Откако ја прескокнале оградата, едно од нив носело канистер со бензин, додека другото чувало стража. И двете лица носеле заштитни шлемови, кои ги користеле за маскирање, бидејќи нивната цел била подметнување на пожар во еврејскиот верски објект во нашиот главен град. Според снимките од безбедносните камери, ова било обид за предизвикување на пожар.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот се истражува и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

„Вчера во 07:22 часот, во СВР Скопје, Ј.Ј. пријавил дека на улицата „Апостол Гусларот“, во дворот на верски објект, забележал канистер со гориво и траги од горење. Одмах по добивањето на пријавата, полициските службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за разјаснување на случајот.“, вели Гоце Андреев, портпарол на МВР.

Реагираше и Амбасадата на Израел во Скопје. Амбасадорката Вивиан Ајсен бара од властите да го расчистат случајот што е можно побрзо. Таа исто така потсетува дека Евреите во Македонија, иако мал број, имаат длабоки историски корени и дале значаен придонес во изградбата на мирот и солидарноста во текот на децении.

„Еден длабоко загрижувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија – прв од 1945 година – го погодува самиот темел на вредностите на заедничкиот живот кои го поддржува еврејската заедница. Јас ја поддржувам заедницата и верувам дека властите ќе дејствуваат брзо за да ги донесат одговорните лица пред правдата.“, вели Асјен.

И Еврејската заедница во Македонија остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека вакви дејствија не се само напад врз верски објект, туку и напад директно врз заедничкиот живот. Според претседателот на оваа заедница, Пепо Леви, ова не е само напад на објект – ова е напад на вредностите што нè одржуваат заедно како заедница. „Ние живееме со нашите верски традиции, но секогаш сме биле дел од нашето секојдневие – рамо до рамо со сите граѓани“, се вели во реакцијата.