Во местото Шамац, во БиХ на самата граница со Хрватска, вечерва се случило двојно убиство, а едно лице е рането.
Полицијата трага по сторителот на ова дело, а порталот „Кликс“ јавува дека идентитетот на убиецот е познат на полицијата.
Повреденото лице е пренесено во здравствена установа во Добој за укажување лекарска помош. За кривичното дело е известен дежурниот обвинител во Окружното јавно обвинителство на Добој.
Порталот објавува дека вооружен маж дошол во приватна куќа. го ранил сопственикот и убил маж и жена кои биле на гости.
