Две лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија на гас во зграда во Московската област

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа во експлозија на гас и пожар во станбена зграда во градот Лобња во Московската област, а уште тројца се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што соопштија руските власти, утрово се случила експлозија на гас во стан на 3-ти кат од повеќекатна станбена зграда, по што избувнал пожар, кој бил изгаснат, пренесува ТАСС.

Евакуирани се 15 лица, меѓу кои и три деца.