Две лица загинаа во ураганот Ерин, кој го погоди источниот брег на Соединетите Американски Држави, а потрагата по исчезнат маж сè уште е во тек, објавија денес локалните власти.
Иако Ерин ослабе до посттропски циклон минатата недела, Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека бурата, двојно поголема од просечен ураган, сè уште предизвикува бранови и силни струи кои се опасни по живот, објави АП.
Во Солсбери, полицијата и крајбрежната стража на САД продолжија да бараат маж кој исчезна откако неговиот брод се преврте во саботата.
