Две модуларни училишта во Кичево донација од САД, во нив ќе учат вкупно 8 ученици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изградени две модуларни училишта со по една училница во Кичево, едно во селото Брждани каде има 6 ученици и едно во селото Калешовци со 2 ученици, кои се донација од САД.


„Едукацијата е многу важен дел за животот на сите нас, за сите заедници и сите ја разбираме важноста и сметаме дека добрата едукација е таа која се одвива во добра и пријатна околина за децата“, рече амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз.


ТВ21 го праша градоначалникот Фатмир Дехари колку чинат овие две модуларни училници но не добивме одговор.


ФАТМИР ДЕХАРИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КИЧЕВО„
„Секогаш секое големо нешто почнува со првиот чекор и за нас најважна вредност е присуството и поддршката од претставниците на САД преку амбасадорите во нашиот град“, рече Дехари.


Информациите што ги обезбеди ТВ 21 на теран покажуваат дека ваквото модуларно училиште чинело околу 7.500 долари а поставените објекти во двете села достигнуваат вредност од околу 15 илјади долари.


Потсетуваме дека пред извесно време ТВ21 известуваше за состојбата на училиштето во селото Калешовци но тогаш школото го затекнавме затворено, а од општината велат дека училиштето е надвор од функција подолго време, но таму има двајца ученици за кои сега е поставено ова модуларно училиште.